• Девојката: Не се чуствувам добро денеска.
    Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг.
    Девојката: Хаха, јас се шегувам!
    Дечкото: Знам, и јас се шегувам.
      #ВицовитеНаДедо
  • Здраво, шо праиш?
    Еве размислувам за тебе, ми фалиш, те сањам секоја ноќ. Едноставно не можам без тебе!
    Ти?
    Еве јадам чипс.
      #ВицовитеНаДедо
  • Тато, поубава сум со шишки или без шишки?
    Ќерко, за да си поубава, прво треба да си убава.
      #ВицовитеНаДедо
  • Возач гази еден пешак на пешачки, и возачот му вели на пешакот:
    Имаш среќа што сум доктор!
    А пешакот му вели:
    А ти немаш среќа дека сум адвокат.
      #ВицовитеНаДедо
  • Разговараат две баби:
    Внуката ќе ми се мажи!
    Убаво, а од каде е момчето?
    Oд Фејсбук бил, не знам каде е тоа, ама од таму е.
      #ВицовитеНаДедо
  • Отишле Македонци во Германија и прашуваат германец:
    Moже да не сликате?
    Was?
    Да, да, нас.
      #ВицовитеНаДедо
  • Како си?
    Топ,ти?
    Јас базука.
      #ВицовитеНаДедо
  • Мамоо ај напрај ми тост!
    Јас на што ти личам на слугинка? Напрај ми ова, испеглај ми она.. Тостот со чaјнa или со салама го сакаш?
      #ВицовитеНаДедо
  • Шефот им кажува на вработените глуп виц.
    Сите се газат од смеење, само еден од вработените си молчи.
    Ти зошто не се смееш?!
    Јас ќе си дадам отказ
      #ВицовитеНаДедо
  • Внуката: Бабо чекај малце ми падна Интернетот

    Бабата: Де бе веќе се искрши, се тебе ти паѓа
      #ВицовитеНаДедо