Хасо , Мујо, мали Џокица, Трпе, Цветко, двајца цајкани и плавуша влегуваат во кафеана.
Газдата на кафеаната ги гледа и свикува:
Шо е ова бе, виц на годината!
#ВицовитеНаДедо
Психијатар му вели на пациентот:
Веќе сте целосно здрав. Можете слободно да си одите дома.
Колку жално. Цела година бев Арнолд Шварценегер, а сега сум никој и ништо.
#ВицовитеНаДедо
Ева станала љубоморна една вечер кога Адам се вратил дома покасно, па му викнала:
Ти се гледаш со друга жена!
Ај не биди глупава, ти си единствената жена тука.
Си легнале тие заедно, и на сред ноќ Адам го буди боцкање по градите. Ја гледа Ева и ја прашува:
Што ми правиш, ма?
Ти ги бројам ребрата.
#ВицовитеНаДедо
Го прашува баба внукот:
„Море синко како се вика оној германецот што ни ги крие стварите по дома“?
Внукот на тоа одговара: „АЛЦХАЈМЕР бабо АЛЦХАЈМЕР“ !
#ВицовитеНаДедо
Добро утро комши, беше до продавница, а?
Не. Искочив да ги прошетам лебов и јогуртов.
#ВицовитеНаДедо
NASA Headquarters:
Знаеш Aнглиски?
Да.
Ај искористи го зборот “Comet” во реченица.
Аце Аце ај што си убав, ај што си убав, сладок c o m e t
#ВицовитеНаДедо
Пијат двајца другари во кафана:
Зошто мижеш додека пиеш?
Докторот ми кажа дека не смеам да погледнам алкохол.
#ВицовитеНаДедо
Македонска тепачка:
Што е бе?
Што сакаш бе?
Ела бе ваму качи се!
Ела бе ти симни се!
Леле ако ти се качам..
Еј, само ако ти се симнам!
#ВицовитеНаДедо
Оди млад човек во матично:
Можe да закажам венчавка за во вторник?
Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
Е па за да не си го расипам викендот.
#ВицовитеНаДедо
Две пријателки:
Слушам, ќерка ти ќе се мажи. Зетот каков е?
Ооо, зетот е многу погоден. Ептен економичен, со една марула 8 ракии пие!
#ВицовитеНаДедо