• Оди пензионер во продавница да купи батаци и продавачот му вика:
    Сакаш француски или словенски?
    А пензионеров му враќа:
    Сеедно, и онака не зборам со нив.
      #ВицовитеНаДедо
  • Во кафич доаѓа некој дечко до некоја девојка и и вика:
    Секогаш кога ќе се насмевнеш ми доаѓа да те поканам кај мене!
    Леле, баш си заводник!
    Не, не, не сум заводник, јас сум забар!

      #ВицовитеНаДедо
  • Една продавачка и се жали на другарката:
    Ех, не сум веќе убава како порано.
    Како го заклучи тоа?
    Па мажите почнаа да ги бројат парите кога им враќам кусур.
      #ВицовитеНаДедо
  • Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото:
    Еј, гледај срце, ѕвезда шо паѓа, посакај нешто!
    Сакам да се омажам за тебе!
    Ааа, не била ѕвезда бе, авион бил.
      #ВицовитеНаДедо
  • Понеделнички шефот го прашува вработениот:
    Зошто ти се црвени очите, си пиел?
    Не, плачев цел викенд, ми фалеше работата.
      #ВицовитеНаДедо
  • Полицаец застанува возач, и му бара лична карта, возачка дозвола… Меѓу другото, полицаецот прашува:
    Господине, да не сте пијан?
    Не.
    Па, гледам дека не сте ни трезен.
    Не сум ни трезен господине полицаец.
    Па каков сте?
    Таман.
      #ВицовитеНаДедо
  • Неколку работи што децата ги учат сами:
    Кога мајка ти е лута на татко ти, не и давај да те чешла.
    Ако те удри сестра ти, не ја удирај и ти. Секогаш вториот го јаде стапот.
    Не кивај додека те шишаат.
    Не го оставај кучето да ти ја чува храната.
      #ВицовитеНаДедо
  • Наставничката по математика го прашува Трпе:
    Ако татко ти месечно ти дава по 1000 денари, колку денари ќе имаш за 4 месеци?
    Ниту еден!
    Како ниту еден?! Па ти ич не знаеш математика!
    Знам математика, ама подобро се знам себеси.
      #ВицовитеНаДедо
  • Што прави телевизорот во слободно време?
    Го гледа Чак Норис.
      #ВицовитеНаДедо
  • Звони свекрвата кај снаата:
    Како е син ми?
    Ами како е.. пие ракија, по жени скита, мене пак ме тепа за ништо.
    Убав на мајка, само да не е болен
      #ВицовитеНаДедо