Полицаец сопира возач:
Возачката ве молам!
Повелете!
Дали имате пиено, Павле?
Е од каде сега Павле?
Па Апостол, така пишува?!
Абе тоа ми е иконата во возачката.
#ВицовитеНаДедо
Оди Стојан на гости кај братучед во Хрватска и заѕвонува на врата:
Тко је?
ТСтојан.
#ВицовитеНаДедо
Што прави Чак Норис во лабораторија?
Тепа Вируси.
#ВицовитеНаДедо
Едното другарче му се фали на другото:
Види, си купив нови патики!
Да? Колку ги зема?
100 евра, оргинал.
А зошто пишува like наместо nike?
Па од facebook ги купив.
#ВицовитеНаДедо
Како се вика лав без коса?
Ќелав.
#ВицовитеНаДедо
Професор прашува студент по медицина:
Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
Аха. А јас имам ли голем стомак?
Да.
Имам пеги по лицето?
Да.
Е, па, кога ќе чуеш дека сум се породил, дојди да ти напишам шестка.
#ВицовитеНаДедо
Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
Добро! Кажи кои песни сакаш!
#ВицовитеНаДедо
Мајката го буди синот.
Станувај сине време е да одиш на школо.
Остај ме на мира денес не одам во школо.
Е како не одиш, имаш причина за тоа.
Да ме мрзат учениците а богами и професорите.
После пола саат мајкава пак.
Ај станувај мора да одиш.
Е зошто морам?
Зошто имаш 52 години и си директор на училиштето!
#ВицовитеНаДедо
Полицаецот му вели на својот шеф:
Шефе Вторник со В или со Ф се пишува?
Не знам!
И сега?
Пиши Среда!
#ВицовитеНаДедо
Наставничката го прашува Трпе:
Трпе кога се берат јаболките?
Кога комшијата не е дома, наставничке!
#ВицовитеНаДедо