Тројца преживеани бродоломци на пуст остров нашле златна рипка. Рипката им рекла дека на секој од нив ќе му исполни по една желба.
Првиот: Јас сакам да си одам дома
Вторниот: И јас.
Третиот: Е, што ќе правам јас сам тука. Нека се вратат другарите.
#ВицовитеНаДедо
Рамче му вика на татко му:
– Тато, ај купи ми енциклопедија.
– Мрш таму бе, јас пешки одев на школо.
#ВицовитеНаДедо
Една мечка си отворила продавница и уште истиот ден дошол зајакот и прашал:
-Имате ли јагоди?
-Не
И се така зајакот ја прашувал мечката 21 ден и на мечката и дошло преку глава и му рекла:
-Ако уште еднаш ме прашаш дали имам јагоди ќе земам шајќи и ќе те заковам на ѕидот!
Другиот ден зајакот повторно дошшол во продавницата и прашал:
-Имате ли шајќи?
-Немаме.
-А јагоди дали имате?
#ВицовитеНаДедо
Си оделе по патот патлиџан и компир
Патлиџанот го згазила кола!
Компирот му рекол:
– Кај си бе кечап!
Па и компирот го згазила кола!
Патлиџанот му рекол:
– Еве бе пире!
#ВицовитеНаДедо
Како се претставува кучето на Џејмс Бонд?
– Ав, ав ав!
#ВицовитеНаДедо
Колку години има вработена во топ шоп?
– Само 29,99 години.
#ВицовитеНаДедо
Зајко имал многу моркови и веќе не знаел што да прави со нив. Му текнало и земал ги закопал во земја и над нив ставил еден знак што на него пишувало ОВА НЕ СЕ МОРКОВИ. Поминало некое време, дошол ежот и му ги зел морковите и на знакот напишал: ЕЖОТ НЕ ГИ ЗЕМА.
#ВицовитеНаДедо
Таксистот: Треба да платите 100 денари.
Патникот: Имам само 90.
Таксистот: И, што правиме сега?
Патникот: Па, врати малку во рикверц.
#ВицовитеНаДедо
Зошто жените живеат подолго од мажите?
– За да надокнадат за времето изгубено во паркирање.
#ВицовитеНаДедо
– Не се вика каснам, туку доцнам!
– Добро бе брату, не се нервирај. Може да ДОЦНАМ од тостот еднаш?
#ВицовитеНаДедо