• Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот рентген и рекол:
    – Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција.
    Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле:
    – Вие сте 15-ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на докторите таму дека имаат лебарка во рентгенот
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Цветко го прашува Трпе:
    – Зошто раскинавте со Трпана?
    – Брат ја осетив нешто ми врти муабет деца семејство ова она…
    – Што ти рече?
    – Ај да нарачаме фамилијарна пица!
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Професорот им објаснува на учениците дека секогаш треба добро да се промисли пред нешто да се каже.
    – Ако е нешто важно и сериозно, подобро да изброите до 100 пред тоа да го кажете.
    По некое време, професорот забележал како во целото оделение децата мрдаат со усните се побргу и побргу. По некое време Трпе почнал:
    – …деведесет и осум, деведесет и девет, сто. Професоре, ви гори палтото!
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Мало девојче забележувајќи неколку бели влакна во смеѓата коса од мајка си, прашала:
    – Мамо, зошто имаш бели влакна на главата?
    – Секогаш кога ќе направиш некоја беља или ќе ме изнервираш, по едно влакно од косата ми станува бело – одговорила мајката.
    Девојчето размислило малку па повторно прашало:
    – А зошто тогаш на баба целата коса и е бела?
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • - Добро утро. Вие докторка сте тука?
    – Не, јас сум сестра.
    – Еее и тука се напикавте по роднинска врска…
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Рамче се фали на девојка му:
    – Ти се свиѓа ли мојот нов ајфон?
    – Да, колку го купи?
    – Не го купив, го добив…
    – Каде бе?
    – Победив на трка! – А колку учествуваа?
    – Јас, полицаецот и сопственикот на телефонот
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • – Легнувај да спиеш животно едно!
    Се чу од кујната гласот на мајката.
    Синот брзо го затвори прелистувачот, на кој беа отворени пет порно сајтови, таткото го избриша мејлот до неговата љубовница, на ќерката и падна селфи стапот во кадата, а само мачката продолжи спокојно да се лиже!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Го прашуваат кандидатот за избори:
    - Зошто се кандидиравте?
    - Како зошто? Не гледате ли што се случува наоколу? Власта тоне во раскош, корупција, безделништво...
    - И вие сакате да се борите против тоа?

    - Не, сакам и јас да бидам дел од тоа.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Две бабички патуват со автобус.
    Едната држи букет цвеќе. Другата ја погледнала и ја прашала:
    - Ти каде одиш со тој букет?
    - На гробиштата!
    - За стално или ќе се враќаш?
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Комшија абе бебето цела ноќ ви плаче, неможе да се спие...
    -Ам шо да прајме, да го клајме на вибрации?
    #ДаМуВерувашНаДедо
    #ДаМуВерувашНаДедо