• Во жестока караница Трпана му вели на Трпе:
    Подобро да се омажев за ѓаволот, отколку за тебе!
    Е не можеш, бракот помеѓу блиски роднини не е дозволен!
      #ВицовитеНаДедо
  • Имаш ли некакви планови за Велигден?
    Да, ќе си поминам како Исус!
    Како?
    Ќе исчезнам во петок и ќе се вратам во недела!
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе и прави муабет на Трпана:
    Што правиш во слободно време?
    Во слободно време сум згодна!
    Гледам дека немаш баш многу слободно време.
      #ВицовитеНаДедо
  • Девојко, зошто го уди син ми?
    Цело време ми викаше дека сум дебела.
    А ти што мислеше, ако го удриш дека ќе ослабиш?
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпана му се дере на Трпе:
    Зашто не ме слушаш,кога знаеш дека ти зборувам?
    Зошто ми зборуваш кога знаеш дека не те слушам?
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе и вика на Трпана:
    Трпано слушна ли, ќе има граѓанска војна.
    Што ти е гајле бе Трпе, ние сме селани.
      #ВицовитеНаДедо
  • Охриѓанец на скопјанка:
    Светлана! Светлана! Светланааа !!!
    Не се викам Светлана бе!
    А мор’ светлана на колана ги остаи!
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе ја сретнува Трпана и и вика:
    Многу си убава!
    Фала.
    Априлилили!
    Па помина 1ви Април!
    Па и ти не си убава.
      #ВицовитеНаДедо
  • Цветко го прашува Трпе:
    Што би сакал да бидеш глуп или убав?
    Глуп!
    Зошто глуп?
    Затоа што убавината е минлива.
      #ВицовитеНаДедо
  • Прават муабет две другарки:
    Колку килограми имаш?
    60 и нешто.
    И колку?
    И триесет!
      #ВицовитеНаДедо