• На Трпана и се смачило да работи по дома па го натерала Трпе да си ја испере маицата сам. Влегол Трпе во купатило пред машината за перење и вика:
    Трпаноооо, кој програм да го уклучам!?
    Види што пишува на маицата!
    Манчестер Јунајтед.
      #ВицовитеНаДедо
  • Цветко им вика на пријателите:
    Знаете ли дека новиот iPhone7 има апликација за слабеење?!
    Е како бе апликација за слабеење?
    Па така, го купуваш и немаш пари после леб да јадеш.
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпана му вика на Трпе:
    Трпе, ти текнува ли на „Основен инстинкт“ кога Шерон Стоун ги прекрсти нозете?
    Ииих, тоа не се заборава.
    Тоа памтиш, а леб да купиш не?!
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе, убава ли сум вака нашминкана?
    Трпане, тебе не ти требе шминка за да бидиш убава!
    Ооо, Трпе колку си мил!
    Тебе ти требе пластична операција!
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе: Јас пијам затоа што сум осамен.
    Трпана: Како да не!
    Трпе: Навистина. После секоја ракија, во мена се раѓа нова личност. Па кога ќе се собереме едно добро друштво…
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе и вика на Трпана:
    Тури една ракија.
    Ракија во 9 наутро?
    Добро де, тури ја во овесни снегулки.
      #ВицовитеНаДедо
  • Малиот Трпе и вика на Трпана:
    Мамо, летаат ли ангелите?
    Да, душо!
    Тато вчера и рече на чистачката дека е ангел, а јас никогаш не сум ја видел да лета.
    Утре ќе ја видиш.
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Дошол Цветко на граница, и цареникот го прашува:
    Aлхокол?
    Не!
    Цигари?
    Не!
    Кафе?
    Е, може едно кафе.
      #ВицовитеНаДедо
  • Го прашуваат Трпе дали верува во љубов на прв поглед.
    Се разбира дека верувам, зарем би ја оженил Трпана ако ја погледнев уште еднаш?
      #ВицовитеНаДедо
  • Добил Хасо близнаци, ги носи дома, а комшијата го прашува:
    Двојајчани или еднојајчани?
    Овој е двојајчан, а ова е девојче.
      #ВицовитеНаДедо