Зошто Трпе обожава да ја гледа свадбата од назад кон почетокот?
Затоа што Трпана тогаш го вади прстенот, се качува во колата и се враќа кај нејзините дома!
#ВицовитеНаДедо
Трпе се дере на синот:
Сине гори куќата, брзо искачај!
Чекај да објавам на статус на фејсбук!
Ок, тагни ме!
#ВицовитеНаДедо
Го прашуваат Цветко:
Што мислите за крстот на Водно?
Јас мислам дека тоа е еден голем плус за Скопје.
#ВицовитеНаДедо
Малиот Трпе го прашува татко му:
Тато, постојат ли духови?
Не, сине!
Ама тато, слугинката ми кажа дека постојат…
Сине, пакувај стварите, си одиме од овде. Ние немаме слугинка.
#ВицовитеНаДедо
Трпана го фаќа Трпе во кафич со комшивката:
Трпана: Што има помеѓу вас?
Трпе: Една Маса и 2 кафиња.
#ВицовитеНаДедо
Трпе чита весник и и вика на Трпана:
Замисли Трпано, во весников пишува дека секогаш кога ќе вдишам и издишам, умира по еден човек!
Нормално, кога не ги миеш забите!
#ВицовитеНаДедо
Трпана му вика на Трпе:
Трпе, ако фатиме на лото, ќе одиме ли на едно патување околу светот?
Секако дека ќе одиме, јас на запад, ти на исток.
#ВицовитеНаДедо
Наставничката: Марко колку се пет плус пет?
Марко: Не знам
Наставничката: Седи! Единица имаш за ова.
Марко: Да даде господ 8-Март само во недела да ти се паѓа!
#ВицовитеНаДедо
Трпана му вика на Трпе:
Ај бе однеси ме некогаш на циркус!
Зошто? Кој сака да те гледа нека дојде кај нас.
#ВицовитеНаДедо
Малиот Трпе му вика на татко му кој се вратил од службен пат.
Тато, кога ти замина, дојде еден чичко, екологист!
Е од кај па екологист?
Па ја праша мама дали околината е чиста!
#ВицовитеНаДедо