• Трпе и вика на Трпана:
    Љубов, се смееш како сирена!
    Трпана возбудено му враќа:
    Како онаа од морето?
    Не, како противпожарна…
      #ВицовитеНаДедо
  • Малиот Трпе му раскажува на Цветко:
    Вчера тато ме тепаше два пати!
    А зошто два пати?
    Првиот пат ме тепаше кога му ја покажав книшката полна со единици, а вториот пат кога сфати дека тоа е неговата книшка кога одел во школо…
      #ВицовитеНаДедо
  • Се јавуваш на другар:
    Ај на кафе!
    Ај за 15 минути.
    Се јавуваш на девојка:
    Ај на кафе!
    Ај само да се спремам, во среда во 9 таму.
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпана: Трпе кај ќе одиме на одмор во лето? Може Дубаи?
    Трпе: Каков одмор, Ова лето треба да мислиме како да го вратиме кредитот…
    Трпана: Добро бе миличок па и во Дубаи можеме да мислиме…

      #вицовитеНаДедо
  • Добар ден…
    Добар ден, извинете, дали сте близнаци?
    Не, зошто прашувате?
    Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки!
    Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!
      #ВицовитеНаДедо
  • Како се поздравуваат хакери нацисти?
    Зип фајл!

      #ВицовитеНаДедо
  • Синот го прашува таткото скржавец:
    Тато, зошто комшијата цело време јаде месо, а ние само пиперки?
    Па што да му правам кога не садел.
      #ВицовитеНаДедо
  • Кој е првиот збор на скржаво бебе?
    ГА - ГА !!
      #ВицовитеНаДедо
  • Брат кое е најстаро животно?
    Зебра
    Како заклучи?
    Па сите животни се у боја, само она е црно-бела.
      #ВицовитеНаДедо
  • Тактика на гости:
    Може една вода?
    Сакаш сок?
    Па може.
      #ВицовитеНаДедо