Ја познавате ли мојата свекрва ?
Да, задоволство ми беше да ја запознаам.
Ох, тогаш тоа не е мојата свекрва.
#ВицовитеНаДедо
Син го прашува татко му:
Синот: Тато кога ќе одам во WC каде да влезам, во М или во Ж
Таткото: М е сине за мадам, а ти си сине Жентлмен!
#ВицовитеНаДедо
Германецот има жена и швалерка, а ја сака жената.
Французинот има жена и швалерка, а ја сака швалерката.
И македонецот ги има двете, ама најмногу ја сака мама.
#ВицовитеНаДедо
Во кафич:
Жена: Како ме гледа, пали цигара, нервозен е. Сигурно многу ме сака.
Маж: Леле оној Реал, само него не го фатив!!! Види ја онаа како зјапнала во мене.
#ВицовитеНаДедо
Разговараат татко и син:
Тато можат ли црните маслинки да одат?
Не сине, не одат.
Епа тато тогаш сум изел бубашваба.
#ВицовитеНаДедо
Двајца човекојадци разговараат:
Што јадеш ти кога постиш?
Морска храна.
Е каква е таа морска храна?
Нуркачи. А ти?
Јас сум вегетаријанец.
И што јадеш?
Градинари.
#ВицовитеНаДедо
Трпе се јавува на техничка подршка.
Алооо?!
Повелете господине, ја добивте техничката подршка. Како можеме да ви помогнеме?
Не ми работи рутерот од интернетот.
Во ред, која светилка моментално ви свети?
Онаа од бојлерот, да го изгасам?
#ВицовитеНаДедо
Зборуваат мајка и ќерка:
Ќерката: Мамо може ли и јас да одам, сите одат!
Мајката: Не одат сите, ти не одиш!
#ВицовитеНаДедо
Внуката ја прашува баба си:
Бабо има ли кај тебе wi-fi?
Ајде немој да пребираш јади тоа што има!
#ВицовитеНаДедо
Тато, зошто ти е помодрено окото!?
Ќе ти го помодрам и ја твоето ако девојка ти пак си ги заборави гаќите во мојот автомобил!
#ВицовитеНаДедо