• Прашуваат скржавец:
    Што си така потечен во образот?
    Остај бе, ме истепаа.
    Не лажи бе, бомбона имаш.
      #ВицовитеНаДедо
  • На пазар:
    Колку се пиперките ?
    100 денари.
    Полнети да не се?
      #ВицовитеНаДедо
  • Добро утро комшија, одиш на работа а ?
    А, не излегов да видам како ми стојат панталоните во 7 часот наутро.
      #ВицовитеНаДедо
  • Скржавец низ прозор го вика син му за ручек:
    Сине ручекот е готов!
    Ручав тато кај Трпе!
    Абе ова не е дете, ова е злато на тато.
      #ВицовитеНаДедо
  • Учителката: Трпе во кое време е јас сум убава?
    Трпе: Во невозможно учителке.
      #ВицовитеНаДедо
  • Пијаница паѓа од осми спрат, некако преживува, а насобраните луѓе околу него го прашуваат:
    Што се случи?!
    Не знам, само што стигнав, одговара пијаницата.
      #ВицовитеНаДедо
  • Што ќе се случи ако земјата се врти 30 пати побрзо?
    Ќе има плата секој ден.
      #ВицовитеНаДедо
  • Двајца скржавци се кладеле во два денари кој подолго ќе издржи под вода.
    Вдовиците си поделиле по денар.
      #ВицовитеНаДедо
  • Знаеш Англиски?
    Да!
    Употреби ги More и Better во реченица…
    More не плачи, better од женско си.
      #ВицовитеНаДедо
  • Кога ми се дере мајка ми се осеќам како да сум во топ-шоп реклама: … НО ТОА НЕ Е СЕ!
      #ВицовитеНаДедо