Чадорите во рака, не очекува дожд и снег

Под влијание на влажен воздушен бран денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка.

Денес и утре локално врнежте ќе бидат понтензивни, па се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Во вечерните и ноќните часови, како и утре врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места.

Снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места, особено во источните предели.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека утре ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и ќе биде најизразен долж Повардарието.

Температурите ќе се движат во интервалот од 6 до 4 степени, додека утре истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

Потоа во среда се очекува краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во четврток попладне и навечер.