Чендлер од „Пријатели“ го истепал канадскиот премиер кога биле деца

Актерот Метју Пери, кој е најпознат по својата улога на Чендлер во серијата „Пријатели“, го претепал канадскиот премиер Џастин Трудо.

Тоа се случило во тинејџерските години, кога двајцата биле соученици.

Пери е роден во Масачусетс, САД, но израснал во Отава, Канада, каде мајка му работи како новинар, а тој го посетувал истото училиште како Трудо.

метју пери

„Џастин беше многу добар во еден спорт, во кој јас и моите пријатели не бевме. Му завидував и така дојде до тепачката“, раскажа актерот при свое гостување во телевизиска емисија.

„Не се фалам со тоа, беше ужасно. Бев глупаво дете“, изјави уште Пери, но и шеговито додаде дека можеби овој инцидент го направил Трудо уште повеќе амбициозен.

џастин трудо