„Bodegas Irache“ е винарија, која се наоѓа во мало гратче, лоцирано на само два километри од средновековниот град Естела.
Винаријата е основана во 1891 година, но нејзините лозја датираат од 12 век. Во тоа време таа испорачува вино за кралските куќи на Навара во Северна Шпанија.
Приказната за ова лозје е тесно поврзана со онаа на соседниот манастир „Irache“, кој е првиот манастир, кој служел како болница за оние кои поминувале на патот кон Сантијаго.
Во 1991 година, „Bodegas Irache“ отвара винска фонтана-чешма на надворешниот ѕид на зградата, од која туристите можат сами да си налеат чаша вино или вода.
Објектот оддава почит на бенедиктински манастир од 8-миот век и дава пример на современите поклоници за великодушноста на монасите.
Постојат две чешми на зградата
Од едната тече вино, а од другата вода. Натписот над нив гласи: „Задоволство ни е да ве поканиме да пиете во умерени количини. Ако сакате да си земете вино со вас, ќе треба да го купите.“
Фонтаната е од затворен тип и е достапна секој ден помеѓу 8:00 и 20:00 часот.