Батеријата е при крај, а вие мора набрзо да излезете од дома или од вашата канцеларија? Овие четири едноставни совети ќе ви помогнат за кратко време што повеќе да ја наполните батеријата на вашиот телефон.
Исклучете го телефонот – Батеријата на исклучениот телефон дефинитивно побрзо ќе се наполни отколку на вклучен телефон. Додека е вклучен, активни се бројни процеси кај секој телефон, а кога е исклучен, батеријата нема друга работа, освен да се полни.
Алтернативно, ставете го телефонот во Авионски режим, а доколку очекувате некој важен повик, исклучете Wi-Fi, GPS и слично, намалете го осветлувањето на телефонот и обидете се да не го користите додека се полни.
Користете оригинален адаптер и кабел – Јасно е, батеријата на вашиот телефон ќе се наполни и ако користите адаптер од некој друг производител, но ако сакате да го извлечете максимумот кога е во прашање брзината на полнењето, секогаш користете го оригиналниот полнач.
Покрај тоа, ако не го користите оригиналниот полнач, треба да обрнете внимание на амперите. На вашиот полнач веројатно пишува 5.0V – 1A. Еден ампер секогаш е доволен за повеќето од паметните телефони, а повеќе ампери значи и дека батеријата побрзо ќе се наполни.
Избегнувајте полнење преку USB од вашиот компјутер – Секогаш користете штекер. Ако немате друго решение, освен преку USB кабел да ја наполните батеријата, така што кабелот ќе го приклучите на вашиот лаптоп, обидете се барем да пронајдете USB 3.0 излез, затоа што ограничувањето кај USB 3.0 изнесува 0.9А, што значи дека ќе добиете приближна брзина на полнење. Обичните USB портови се ограничени на половина ампер.
Извадете ја футролата или заштитната маска – Не морате да го правите ова секогаш, но во секој случај, тоа е препорачливо кога брзината на полнење е клучна за вас. Батеријата на вашиот уред е литиум-јонска, а таквите батерии најдобро работат ако не се загреани.
Со тоа што ќе ја отстраните футролата, ќе го оневозможите евентуалното загревање на батеријата при полнењето на вашиот уред, а тоа значи дека батеријата ќе се наполни и побрзо.