СОСТОЈКИ (за 3 чаши пудинг):
– 1 шолја кокосово млеко
– 1 шолја бадемово млеко без шеќер
– 2 банани
– 2 чајни лажички екстракт од ванила
– 3 урми без семка
– 2 лажици чиа семки
ПОДГОТОВKА:
Измешајте ги убаво во блендер сите состојки, освен семето од чиа. Сипете ја смесата во пластичен или стаклен сад, па додадете го и семето. Затворете го или покријте го садот и оставете го во фрижидер во текот на ноќта или најмалку 4 часа.