Чиа семе и лимон, за помалку килограми и намален холестерол

Чиа семките со право се нарекуваат супер храна. Тие поволно делуваат на здравјето, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини, калциум, влакна и протеини.

Делуваат како антиоксиданси.

Лимонот пак содржи доста витамин Ц, минерали како што се калциум, калиум, железо.

Состојки:

1 шолја лимонов сок

1 лажица чиа семе

1 лажица мед

1 чаша вода

Подготовка: Потопете ги семињата во вода 1 час или оставете ги да преноќат во водата. Потоа наутро ставете ги во блендер и помешајте ги со останатите состојки.

Конзумирајте во утринските часови. Подобро ќе се чувствувате, а ќе ви помогне да го намалите нивото на шеќер и холестерол во крвта.