Член на групата „Take that“ ја измил косата после 14 години

Британскиот пејач Гери Барлоу, поранешен фронтмен на групата „Take that“ и судија на британскиот „Икс фактор“, на Твитер призна дека не ја измил косата цели 14 години.

„Ова е важен ден за мене. Ја измив косата прв пат после 14 години“, твитнал пејачот.

Обожавателите веднаш возвратија со коментари од типот: „Следниот пат кога ќе ја миеш ќе имаш 60 години“ и „Веројатно има некој што повремено му ја мие косата наместо него“.

Во светот инаку има приврзаници на движењето „No poo“, термин за методи на миење на косата без комерцијални шампони.

Некои од нив воопшто не ја мијат косата, а други хигиената ја одржуваат со користење на помалку штетни хемикалии, како обичен сапун или прашок за печиво.

гери барлоу