Член на кралското семејство на Британија призна дека е геј!

Прв пат во историјата на Британското кралство, братучедот на кралицата Елизабета II јавно раскажа за својата нетрадиционална сексуална ориентација.

Лорд Ивар Маунтбатен призна дека е бисексуалец.

геј британија

53-годишниот лорд раскажа дека ја сфатил својата нетрадиционална ориентација уште додека бил млад, но тогаш решил да се спротивстави на привлечноста кон момчињата.

Во 1994 година тој се жени за Пенелопе Томпсон, која знаела за неговата бисексуалност, со која има три деца.

геј британија

„Јас и кажав дека сум бисексуалец дека ме влече и кон двата пола. Таа ме разбра, секогаш ќе сум и благодарен за тоа“, вели Ивар.

Во 2011 година парот се разделува, а во моментов Маунтбатен е во врска со директор на воздухопловна компанија Џејмс Којл.

геј британија