Членот на најпознатиот машки бенд “One Direction”, Луис Томилсон, бил уапсен во Лос Анџелес по тепачка во која учествувал заедно со својата девојка.
Имено, Луис и неговата партнерка Еленор Калдер, биле на аеродром кога биле обиколени од папараци и фанови на бендот.
Томлинсон фрлил еден од фотографите на под, поради што и бил уапсен.
Пејачот бил однесен во затвор во Лос Анџелес, и обвинет е за физички напад.
Неговата PR служба кратко соопштила дека ја бранел својата девојка, која била нападната.