Нема Македонец кој од вчера не е преплавен со чувства на среќа, гордост и еуфорија.
Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер приреди сензација, а сведоци за ова се и странските известувачи за натпреварот со Италија.
Победничкиот гол на Трајковски, ја крена публиката на нозе, а коментаторите не го криеја своето воодушевување.
„Македонија оствари нестварна победа! Тие постигнаа на „Ренцо Барбера“ и продуцираа неверојатна победа. Се бранеа со срце и душааа!“, беа дел од коментарите на странските коментатори, за моментот со кој испишавме историја во светскиот фудбал.