Чувар на здравјето: Еве зошто е добро да јадете грав

Од сите намирници, градвот дефинитивно е една од најздравите и најомилените намирници.

Богат е со протеини, витамини и минерали, а е идеална храна за деца и возрасни. Одличен избор е и на манган, витамин Б1, Б2, Б5, Б6 и Б9, фосфор, цинк, калиум, калциум, селен и слично.

Поради добрата комбинација на влакна и фолна киселина гравот е добар „сојузник“ во борбата против кардиоваскуларните и болестите на дебелото црево.

Посебно се препорачува во исхраната на децата и бремените жени.

Поволно делува и на личностите кои патат од анемија, болести на забите, бронхитис, главоболка, крварење од нос па дури и импотенција.

Делотворен е кај несоница, остеопороза, настинка и грип, хроничен умор и стрес.

Американските научници од универзитетот Колоради тестирале 6 видови на грав и заклучиле дека помага и кај различните облици на рак.

Според нивото на антиоксиданси, црвениот,шарениот и темносиниот грав имаат и до 10 пари подобар ефект и повеќе вредни состојки од жолтиот и белиот грав.

А, за да се постигне подобар ефект пожелно е да се конзумира со житарки, бидејќи таквиот оброк содржи голема доза аминокиселини потребни на организмот.