Ова сигурно не е меѓу најголемите проблеми кои ги имате во животот, но сигурно е една од најиритантните работи кои можат да ви се случат во текот на денот.
Станува збор за оној момент кога некоја песна ќе ви „влезе“ во глава и едноставно не можете да прекинете да ја слушате во себе и потпевнувате, без оглед на се.
Многумина предлагале разни решенија, но ретко кои навистина помогнале. Научниците сега тврдат дека дошле до лек за феноменот кои тие го нарекуваат „црв во уво“.
Наводно, решавањето на едноставни задачи со зборови, како што се анаграмите, би требало да ни помогнат да ја „истераме“ иритантната песна од својата „работна меморија“.
Истражувањето покажало и кои песни најчесто ни влегуваат во глава, па на прво и второ место се песните на Лејди Гага „Alejandro“ и„Bad Romance“.
Следна е „Call Me Maybe“ на Карли Реј Џепсен, па Бијонсе со „Single Ladies“. На оваа листа се и Битлси и тоа со две песни: „She Loves You“ и „I Wanna Hold Your Hand“.
Во продолжение можете да ја слушнете „Alejandro“ на Лејди Гага, па видете дали навистина ќе ви остане во глава како што тврдат научниците.