Сите добро ја знаеме штетноста од цигарите. Но дали сте чуле дека и откако ќе се изгаси, отпушокот има штетно влијание?
Научниците од Националниот институт за технологија во САД открија дека отпушоците од цигарите се поопасни за здравјето на луѓето отколку што мислите поради високото ниво на никотин што се создава во воздухот уште долго време по гаснењето на цигарата.
Според нив, секој отпушок испушта околу 15% од вкупниот никотин што се содржи во целата цигара.
Иако повеќето хемикалии се испуштаат од изгасната цигара во првите 24 часа, откриено е дека нивото на никотин е штетно во рок од една недела по гаснењето на цигарата.
Научниците откриле дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло.
Значи, доколку не го испразните пепелникот во текот на една недела, количината никотин на којашто се изложени непушачите може да биде двојно поштетна.