Да му веруваш на дедо: Изворот на минералната вода Кожувчанка е познат уште од Римско време

Кожувчанка е планинска минерална вода од висока А класа.

Извира од еколошки чиста средина, на југ од Македонија, од длабочините на Кожуф планина.

Изворот на минералната вода Кожувчанка се наоѓа на надморска височина од 900 метри, а минераланата вода извира од длабочина од 85 метри, носејки со себе богатство од минерали кои се во идеален постојан состав.

Од изворот до производниот капацитет доаѓа во затворен цевоводен систем кој сам по себе гарантира висок квалитет, без можност за надворешни атмосферски и бактериолошкли загадувања, користејки ја силата на гравитацијата од овозможената висинска разлика.

Изворот од каде се експлотира минералната вода Кожувчанка е познат уште од Римско време.

Овде доаѓале луѓе од разни краишта за да ги почуствуваат благодетите и лековитоста на оваа минерална вода.

Кожувчанка во основа е магнезиум калциумова вода која во себе содржи и богатство од минерали кои се во идеален сооднос, правејќи ја единствена по квалитет.

Кожувчанка е бистра, чиста, лесна и питка минерална вода, која со своите квалитети и современиот начин на производство ги задоволува и најновите светски стандарди.