Дал отказ, продал сѐ што има и тргнал на пат околу светот со својата мачка!

Австралијанецот Рич Ист решил да даде отказ и да продаде сѐ што има за да патува низ светот со својата мачка Вилоу.

Тие двајца моментално патуваат низ Австралија, а досега заедно пропатувале повеќе од 50 илјади км. Патуваат веќе две и пол години, а Рич вели дека не било лесно да ја донесе оваа одлука.

Тој вели дека Вилоу не се буни и не и пречи честата промена на локација. На ремчето имаа вграден уред за следење, па невозможно е да ја изгуби. Тие двајца патуваат со комбе, а таа своето време го поминува во истражување на подрачја на кои може да спијат или кампуваат.

„Многу сум горд на мојата Вилоу. Поради неа имам чувство дека сум дошол дома скеогаш кога ќе влезам во своето комбе. Таа е најдобриот пријател за патување што можев да го поведам со себе“, изјавил Рич.

Сите свои авантури редовно ги споделуваат на официјалната страница на Инстаграм профилот. Рич вели дека не планира да престане и дека сака да го пропатува цел свет.