Џорџ и Амал Клуни станаа родители на близнаците Александар и Ела, а извори блиски до двојката откриваат каде ќе растат нивните деца.
Иако парот купи огромен стан во Њујорк, сепак тие се одлучиле за Лондон.
Амал и Џорџ имаат дом во предградието на британската престолнина, а првите неколку години од животот на Александар и Ела решиле да го поминат таму.
Ова секако и дговара на адвокатката чија работа е стационирана токму тами, додека актерот ќе треба некој период да ги стави на пауза работите во Њујорк.