Во текот на вежбањето се потиме, а со тоа се гумат многу течности.
Затоа особено важно е тоа да се надополни со пиење на вода.
Фитнес тренерите велат дека не мора да се испие цело шише доколку се вежба помалку од 60 минути.
Според нив, за тренинг од околу еден час, доволно е да се внесе половина литар вода, а помеѓу 200 и 250 мл за получасовен тренинг.
Оние кои вежбаат подолго од еден час би требало на секој 10 до 20 минути да пијат околу 200 мл вода, за во текот на тренингот да бидат хидрирани.
Доколку пак, внесете премногу вода, нема да можете да ја исфрлите преку пот или преку мокрење. Ова може да предизвика главоболки и повраќање.
Затоа најдобро е да се држите до препорачаните дози.