Дали ќе настинете ако излезете надвор со измиена коса?

Сигурно многу пати во животот, од вашите баби или мајки, сте ја слушнале теоријата дека ќе се разболете доколку излезете од дома веднаш откако ќе се избањате.

Дали тоа е вистина, откриваат лекарите.

Тоа е заблуда, настинките и другите болести се предизвикани од вируси и бактерии, па од водена коса нема да се разболете.

– За да добиете некоја инфекција, мора да бидете изложени на инфективни агенси, тушот и водата секако не се. Иако тоа не значи дека не би имале никакви последици доколку излезете на минусни температури со водена коса. Премногу ниските температури може да предизвикаат хипотермија, што секако може да влијае на вашиот имун систем, велат лекарите.

hitportal-nastinka