Дали кремите за сончање вистински не штитат?

Резултатите од тоа како делуваат кремите за сончање кои ги објави лабораторијата за индустриска фармација и козметологија при Универзитетот во Нант, покажале дека дури до 30% од кремите за сончање имаат индекс на заштита помало од оној кој што стои на самата амбалажа.

Истражувањето покажало многу различен индекс од тестовите кои ги имаат направено самите производители и тоа на луѓе, а не во лаборатории. Лоренс Коафан директор на лабораторијата во Нант, предупредува на тоа да одредени производи содржат анти-инфламаторни супстанци кои, иако спречуваат да не се гори на сонце сепак не штитат од УВ зраците.