Синоќа во Лондон се одржаа британските музички награди, манифестација на која присуствуаа најголемите ѕвезди на денешницата.
Црвениот тепих на BRIT Awards 2018 изобилуваше со раскошни, од една страна и обични тоалети од друга.
Рита имаше свој „принцеза момент“ додека чекореше во бел фустан со пердуви, а Дуа Липа го постигна истиот ефект со розов фустан од тул.
Ели Голдинг се одлучи за црвено мини со големи раменици, додека Кајли Миног се појави во свилен фустан и црвен мантил.
Што носеа останатите ѕвезди и зошто модните критичари сметаат дека ова е најлошиот црвен тепих во историјата на британските награди, погледнете низ фотографиите.