Дали сауната навистина го чисти телото од отрови?

Многумина обожаваат да одат во СПА центри, каде не пропуштаат да ја посетата суната – финска, турка бања, за малку да се релаксираат, но и да го исчистат својот организам од насобраните отрови.

Сепак, дали сауните се баш толку благотворни како што се тврди?

Сауните се особено популарни поради традиционалното верување за нивното позитивно дејство.

Ги користат многу луѓе, меѓутоа се поставува прашањето дали препотувањето навистина може да ги елиминира штетните материи од нашиот организам?

– Не. Токсините не можете така лесно да ги исфрлите. Луѓето се фокусираат на потење затоа што веруваат дека ќе ги исфрлат штетните материи, но за тоа се задолжени бубрезите, објаснува дерматологот Ана Глазер за списанието „Allure“.

Ова посебно се однесува на оние кои сметаат дека мамурлакот најдобро се лечи во финска сауна или турска бања. На нив сепак им се препорачува нешто сосема поинакво.

– Најдобриот лек за мамурлак е одмор. Кога ќе изгубите допонителна течност во сауна, се чуствувате уште полошо, порачува Џон Брик, авторот на книгата „The Doctor’s Hangover Handbook“.

Затоа, после бурна ноќ пијте многу вода, јадете многу овошје и одмарајте се или шетајте на свеж воздух, а сауните користете ги за опуштање и уживање, како мал трик кој ќе ви помогне кожата да ви блеска.