Новиот фустан никогаш нема да изгледа така ново како кога ќе го купите, кошулата никогаш нема да има така добро прицврстено копче, а фустанот така силна боја.
Дали, сепак е неопходно да ја испереме тукушто купената гардероба пред да ја облечеме?
Одговорот всушност зависи од вас, зависи од тоа колку сте плашливи и гадливи.
Но, според мислењето на дерматологот и професор Доналд Белсито, кој работи на Универзитетот во Колумбија, новата гардероба не е доволно чиста за веднаш да ја носиме.
Белсито, кој дал изјава за „The Wall Street Journal“ објаснува дека формалдехидод, фабричката боја и останатите хемикалии можат да предизвикаат одредени алергиски реакции, но, секако, не се сериозна закана за здравјето.
– На овој начин можат да се пренесат и некои кожни болести, лишаи и габички, затоа што вие всушност не знаете колку луѓе пред вас го пробале тој фустан кој сте го купиле, истакнува др Белсито.
Според неговото мислење, кабината не е единственото место каде луѓето доаѓаат во контакт со гардеробата, тука се и фабричките и текстилните работници кои учествуваат во нејзината изработка.
Белсито вели дека и тој сам најпрво ја пере новата гардероба пред да ја облече. Понекогаш и два пати.
– Кога се работи за хигиената ова навистина би требало сите да го прават. Како дерматолог досега се сретнав со разни случаи и множам да ви кажам дека не би баш ризикувал, изјавил тој.