Речиси 99% од сите патнички авиони се во бела боја.
Има неколку причини за ова, но како и секогаш, најважни се оние од безбедносна природа.
Имено, на бела боја најлесно се воочуваат пукнатините, истекувањето на маслото и останати различни проблеми кои може да се случат доколку леталото е неисправно, а на тој начин и најбрзо ќе се реши проблемот.
Белата боја најдобро ја одбива светлината и топлината, што е многу важно бидејќи го намалува загревањето на авионот. Покрај тоа, белата е една од боите кои најлесно се забележуваат на небото, во случај на судар или лоши временски услови. Тоа е и единствената боја која не може да избледи.
Секако за изорот на оваа боја постојат и економски причини, бидејќи бојадисувањето на авионот е и долг и прилично скап процес, а поради наведените предности на белата боја, нема ни потреба да се бојадисуваат.
Истражувањата покажале дека обоените авиони потешко се продаваат, па тоа е уште една дополнителна причина зошто авионите се бели.