Даниел Кајмакоски ја однесе донацијата кај болните дечиња од Куманово

Даниел Кајмакоски е победник во последната сезона на регионалното шоу „Твоето Лице Звучи Познато“, каде освои награда од 25.000 евра.

Бидејќи шоуто е од хуманитарен карактер, пејачот реши парите да ги донира на семејството Додевски во Куманово, поточно за самохрана мајка со две болни дечиња.

даниел кајмакоски даниел кајмакоски

Па Даниел реши го посети семејството и да се запознае со 7-годишниот Александар и неговата 10-годишна сестричка Мартина кои боледуваат од цироза на црн дроб.

„Многу битно е да ја разбудиме свеста кај сите луѓе, треба само ете 75 илјади Македонци на пример кои би дале секој по малку, заедно ако се здружиме, ако навистина размислиме што можеме заедно да направиме никој нема да осети некоја дупка во џебот ако сме многу. Ова е само почеток, јас ќе продолжам и понатаму да направам се што е можно да се соберат што е можно повеќе пари и се надевам дека Македонците, не само во Македонија него во целиот свет ќе ме подджат во оваа акција. Јас ќе се борам за тоа и навистина се надевам дека ќе ми се придружат повеќе луѓе и повеќе јавни личности, не само од естрада туку и од спортот“, изјави Кајмакоски за порталот „Кумановски Муабети“.

Видно разнежнет, а на момент и со солзи во очите Даниел се сретна со малите херои, им донесе подароци, им измами насмевка на лицата, но и докажа дека Јасмина не е сама во оваа борба.

Извор: Кумановски Муабети

даниел кајмакоски

На семејството Додевски им се потребни 100.000 евра за лекување, па доколку сте во можност, днирајте ТУКА:

Име: Јасмина Додевска

Централна-кооперативна банка а.д. Скопје

Број на сметка: 320500025832633