Даниел Крег потврди: „Повторно ќе бидам Бонд, но ова е последен пат“

Британскиот актер, Даниел Крег стави точка на неколку месечните шпекулации, потврдувајќи дека повторно ќе го игра агентот Џејмс Бонд.

Крег, меѓутоа потенцираше дека ова ќе биде последниот филм во кој ќе биде во улогата на 007.

Актерот оваа информација ја откри синоќа во „Late Show“, каде на прашањето на водителот Стивен Колберт дали ќе се врати како Џејмс Бонд, тој поврди, а публиката го поздрави со аплауз.

Инаку Крег досега глумеше во четири филма за 007: „Casino Royale“, „Quantum of Solace“, „Spectre“.

Најновиот филм, 25-ти по ред за Џејмс Бонд премиерно ќе биде прикажан на 8 ноември 2019-та година во САД, а претходно традиционално ќе има премиера во Британија.