По повод 18-от роденден на својот син Бруклин, Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм од семејниот албум со сентиментална порака.
„На денешен ден пред 18 години ова мало момче влезе во нашите животи. Малку е да се каже дека се почувствувавме благословено. Уште од првиот ден не сакаше да спие ноќе и единствен начин да заспие беше да седи во автомобил со вклучено радио. За среќа, сега не му е потребна музика за да заспие. Од ова преубаво дете израсна едно згодно и пристојно момче. Горд сум што помина со мене низ мојата кариера и уште погорд сум кога ќе видам каква личност стана. Среќен роденден, Бруклин! Сега и официјално можеш да го однесеш татко ти на пијалак во паб“, напишал Бекам.