Дејвид Боуви почина на 10-ти јануари оваа година, по долгата борба со рак на црниот дроб.
Но, Лесли-Ен Џонс, новинарка и писателка која минала многу време покрај славниот пејач тврди дека смртта била резултат на потпомогнато самоубиство.
Таа вели дека последните денови од неговиот живот биле исценирани за јавноста и дека не е случајно што неговиот албум „Blackstar“; е објавен само два дена пред неговата смрт, односно на роденденот.
Џонс вели дека Боуви уште 18 месеци пред смртта знаел дека му нема помош и дека не сакал да се препушти на тешкиот карцином, туку одлучил до последен момент да ги контролира својот живот и сликата за себе во јавноста.
Музичарот долго се борел со рак на црниот дроб за што знаело само неговото семејство и најблиските пријатели, пишува „Дејли мејл“.