Одреден период во македонските, но и српските медиуми се пишуваше дека „пукнало“ пријателството помеѓу Боки 13 и Јелена Карлеуша.
Но, македонскиот шоумен заедно со пејачката решија да им стават крај на гласините.
Боки 13 присуствуваше на роденденот на Атина и Ника, а од таму испрати селфи со Карлеуша.
„После милион шпекулации дека не зборуваме, дека сме скарани… Оваа слика демантира се!!! Роденденска забава… Среќен роденден Атина и Ника, loveee“, стои под фотографијата на шоуменот.
Инаку и пејачката преку Фејсбук сподели фотографија со Боки, каде всушност беа закачени официјалните фотографии од прославата.
Сепак и ова не беше доволно па Боки 13 објави уште една фотографија од заедничкиот ручек со Јелена Карлеуша.