Деми Мур влезе во шестата деценија, иако тоа ќе ви делува неверојатно кога ќе ја видите нејзината фотографија во бикини.
Актерката овие денови ужива со ќерките користејќи ги благодетите на летото.
Талула и Скаут Вилис со нивната мајка се сликале во бикини, а мора да признаеме дека актерката навистина има неверојатна линија со оглед на тоа што е влезена во шестата деценија.
Фотографијата е направена на Денот на татковците, па Талула, која ја објавила фотографијата на Инстаграм, напишала:„Кога не можеш да бидеш со тато“.
Еден од нејзините следбеници на оваа социјална мрежа прокоментирал: „А каде е мама? Таа сликала?“.