Денес е Меѓународен ден на снешкото

Идејата за овој празник е на германскиот колекционер Корнелиус Граетц, а датумот 18 јануари, не е избран случајно: единицата симболизира метла, а осумката телото на снешко.

Празникот има за цел да ги расположи луѓето во студените зимски денови и да ги натера наместо да се плашат од снегот, да излезат надвор, да му се израдуваат и да направат барем една насмевната фигура.

Првата фотографија на снешко е направена од Мери Дилвин во 1845 година, набргу откако е измислен фотоапаратот.