Состојки:
За кората: 7 јајца, 250 грама чоколадо, 250 грама маргарин, 250 грама шеќер во прав, 4 лажици брашно
За филот: 7 јајца, 250 грама чоколадо, 250 грама маргарин, 250 грама шеќер во прав
За кремот: 10 грама чоколадо, 100 мл слатка павлака
Подготовка:
Кора:
1. Пенасто изматете ги жолчките и постепено додавајте го шеќерот во прав.
2. Додајте го омекнатиот маргарин и истопеното чоколадо, па продолжете со матење.
3. Посебно изматете ги белките во цврст снег, па додавајте лажица по лажица во претходната смеса, со лесно мешање.
4. На крајот додадете го брашното и промешајте да се соедини.
5. Смесата поделете ја на 4 делови, па еден дел печете го во замастена округла тепсија во рерна загреана на 200 степени – 15 минути. На истиот начин испечете уште 4 кори.
Фил:
1. Во длабок сад изматете ги жолчките со шеќер во прав, а потоа додадете го омекнатиот маргарин.
2. Истопете го чоколадото на пареа, па додадете го во садот и продолжете со матење.
3. Посебно изматете ги белките во цврст снег, па постепено додавајте ги во претходната смеса со лесно мешање.
Финална постапка:
1. Тортата филувајте ја на следниот начин: кора, фил, кора… додека не го потрошите целиот материјал.
2. Загрејте ја слатката павлака на умерена температура. Водете сметка да не зоврие.
3. Додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не се стопи, а масата не се соедини.
4. Оставете да се излади, а потоа прелијте ја над тортата.
5. Тортата ставете ја во фрижидер да се олади и стегне, а потоа исечете ја и послеужете.