Откако пред три дена ја совладаа Италија, еврпоскиот првак во фудбал, македонските фудбалски репрезентативци денеска во Порто ќе играат против селекцијата на Португалија.
Ова е финалниот бараж за пласман на Светското првенство.
Во полуфиналето од плеј-офот за Светското првенство во Катар, во минатиот четврток Португалија на домашен терен ја совлада Турција со 3:1, а Македонија во Палермо беше подобра од Италија со 1:0.
Нашите фудбалери и овојпат ќе ја имаат поддршката на трибините. Се очекува во Порто да пристигнат околу 1500 македонски навивачи, што е дополнителен мотив за успех за нашиот тим.
Натпреварот ќе започне во 20:45 минути.