Состојки:
Тесто:
3 јајца
12 лашици шеќер
1 филџан масло
1 филџан млеко
15 лажици брашно
1 прашок за печење
100 гр кокос
Прелив:
15 лажици вода
15 лажици шеќер
3 лажици какао
1 маргарин
1 ванила шеќер
Подготовка:
Убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, постепено додавајте ги млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот.
Печете во тава 28 на 180 степени околу 20 мин.
Во огноотпорен ставете ги сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање растопете ги и убаво се измешајте.
Смесата не смее да проврие.
Кога малку ќе подолади тестото се сече на парчиња (коцки) и потоа се прелива со преливот.
Добар апетит!