Десет интересни работи што не сте ги знаеле за „Роки“

Од снимањето на филмот „Роки“, со кој Силвестер Сталони се искачи меѓу ѕвездите, поминаа повеќе од 40 години, па по тој повод британскиот магазин „ШортЛист“ објави генеза од ова култно остварување, раскажано низ десет малку познати анегдоти.

„Роки“ покрај „Разјарениот бик“, најверојатно е најпознатиот филм за боксот што некогаш е снимен и е еден од најголемите остварувања за спортот во историјата на кинематографијата.

Приказната за падот на скромниот борец од Филаделфија му овозможи на Силвестер Сталоне да се пробие во Холивуд.

Иако реализацијата на проектот не беше ни најмалку лесна, со својата упорност Сталоне на крајот успеал да ги убеди и најнерешителните продуценти.

PAY-ROCKY

Во освртот на филмот, „ШортЛист“ изнесува десет интересни детали.

1. Продуцентите не сакале главната улога да му се довери на анонимус како што тогаш беше Сталоне, туку планирале Роки да го глуми Рајан О’Нил, Роберт Редфорд, Џејмс Кан или Берт Рејнолдс. Сепак попуштиле пред ултиматумот на Сталоне: или тој или ништо од филмот.

2. Филмот располагал со буџет кој едвај надминувал милион долари. Сумата била толку многу скромна што Берџес Мередит и Карл Ведерс морале да ја делат гардеробата. Сепак, филмот заработи 225 милиони долари низ целиот свет.

3. Сузан Сарандон се пријавила за улогата Адријана Пенино, но била одбиена како „премногу убава“ во корист на Талија Шајр.

4. Сталоне првата верзија на сценариото ја напишал за само три дена.

5. Режисерот Џон Авилдсен дотогаш немал гледано ниту еден боксерски меч.

6. Таткото на Сталоне (лик кој со ѕвонче го најавува почетокот на рундата), братот (уличен танчер) и првата сопруга, исто така, учестувале во снимањето на филмот.

7. Сценариото на филмот е инспирирано од легендарниот дуел меѓу Мохамед Али и Чак Вепнер од 24 март 1975 година.

8. Кучето на Роки било кучето на Салоне во вистинскиот живот.

9. Сталоне многу време поминувал во удирање по замрзнато месо кое висело на куќите во текот на фамозните сцени на тренирање, поради што здобил трајни последици на зголобовите.

10. „Роки“ беше прво филмско остварување посветено на спортот што освои Оскар за најдобар филм.