Момчето Јани (10) од Финска, доби награда од 10.000 долари откако пронајде “баг” во апликацијата на социјалната мрежа Инстаграм.
Јани стана најмладиот добитник на наградата на Инстаграм, а грешката која ја пронајде му овозможи да брише коментари од други корисници. Своето откритие тој го пријави на компанијата Фејсбук, во чија сопственост е Инстаграм, а грешкат потоа беше поправена.
Детето има само 10 години и според правилата на Инстаграм не може да има профил се додека не наполни 13 години.
Јани за финските медиуми изјави дека ќе си купи велосипед, опрема за фудбал и компјутери за своите браќа.
Фејсбук на слични награди од 2011 година досега има потрошено над 4,3 милиони долари. Целта е да се наградат хакерите и да се спречи овие откритија да се продадат на црниот пазар.