Девојка со Даунов синдром ќе биде метео презентерка

Една млада французинка конечно ќе си го исполни својот сон.

Таа има 21 година и ќе биде првата жена со Даунов синдром која работи како презентер на временската прогноза.

Мелани Сегард со помош на една хуманитирна организација успеале да си го исполни својот сон.

„Јас сум различна, но сакам да им покажам на луѓето дека можам да правам разни нешта. Сакам да го докажам тоа со тоа што ќе се појавам на телевизија“, изјавила Мелани.