Внучки, внимание! Поради гледање на тажни филмови се дебелеете

Познато е дека најпопуларни женски филмови се оние кои ги следат љубовните драми поради кои неушено плачеме, но дали знаевте дека таквите филмови не се добри за нашата фигура?

Истражувањето кое неодамна го спроведе JAMA Internal Medicine покажало дека луѓето најмногу грицкаат со филмовите кои во нив будат силни емоции.

Во едно претходно истражување, истражувачите ја мереле тежината на кутијата со пуканки кои луѓето ја фрлале во кино по гледањето на филмови за време на празникот на благодарноста и заклучиле дека испитаниците изеле многу повеќе за време на гледањето на тажни филмови, а многу помалку за време на гледањето на комедии, пишува списанието Elle.

Слично истражување спроведено е и во лабараторија каде испитаниците изеле многу повеќе гледајќи го филмот „Love Story“ во споредба со количината која ја изеле уживајќи во романтичната комедија „Sweet Home Alabama“. Испитаниците за време на гледањето на тажниот филм изеле и до 55% повеќе грицики.

Секако, тоа не значи дека треба да престанеме да гледаме тажни филмови ако уживаме во нив, но паметно би било на масата да има помала количина на грицки или да се купи најмалата порција пуканки во кино.

Одличен избор е и овошјето и зеленчукот кое може да се јаде колку што сакате. Ако веќе грицкаш неконтролирано, барем тоа нека биде здраво! 😉