Греми порано се сметаше за најпрестижната награда која може да ја добијат музичарите, но сега се чини дека е тешко номинираните пејачи да ги натерате да се појават на настанот.
Некои од најпознатите музичари како Канје Вест, Џастин Бибер и Дрејк планираат да ја бојкотираат церемонијата која треба да се случи на 12-ти февруари.
И покрај тоа што е номиниран за 4 Греми награди, 22-годишниот Џастин Бибер не планира да се појави на шоуто.
30-годишниот Дрејк е номиниран во 8 различни категории оваа година, но не планира да се појави на настанот.
Канје Вест кој е номиниран за 8 награди исто така, не планира да се појави, но тој настанот го бојкотира поради расна дискриминација.
Досега тој има понесено дома 21 трофеј, но никогаш не освоил награда кога меѓу номинираните имало и бел пејач.